|
Скопје, Македонија  Hans vo podobri vreminja Ханс, 3 годишен лав против негова желба беше поклонет од Берлинската на Скопската ЗОО пред една година. Го најдовме Ханс во просторијата # 11, замислен, со молив во рака и ракииче.
Скопската Зоолошка е во голем подем последните 2 години. Од 17 животни пред три години во моментов има 18, иако ЗОО Директорот ни тврди дека има 19. "Се крие еден мајмун, бетер од мајмун се понаша". Ханс е сместен во просторија број 11, или како што е позната во ЗОО "просторијата што помалку корне". "Дојде тој Ханс од Немачка, јас се давам во говна, него одма го ставија во просторијата што има најмалку говна, гарант дека е од запад!" изјави Хипото Милош.  Ханс во просторијата што помалку корне, ко и секој западњак има слики од него и неговата фамилија, детството, слики од Берлин. Меѓутоа Ханс не е тој истиот од сликите. Покрај ракиичето, го затекнавме и со крвава глава. "Најпрво, јас не сум Ханс, нихт Ханс! Овде ме прекрстија. Сега сум Томе" рече Томе со длабока воздишка гледајќи во сликите во кои главата не му е крвава. Plan za begstvo  "Знам дека ме гледаш во глава, се лупав во ѕид за да се повредам со цел да викнат доктор и да ме однесат во Болница. Македонците се многу паметни, уште немаат пратено доктор, а и ме немаат посетено. Кога ќе дојде докторот да ме земе, ќе го одработам Планот #7" рече Томе и продолжи "прво бегам од ЗОО, па одам во Луна Парк да се повозам на колите, слушам хаос биле, а и да се релаксирам. После тоа одам на Слoбода каде што ќе посетам кафич на едно пиво. После тоа, мајка Германија" заклучи Томе низ осмех ставајќи го моливчето позади уво.
|